Баерн Минхен успеа да ја стивне бурата околу Михаел Олис и Реал Мадрид, а пред баварскиот гигант сега е нов предизвик – да успее да одолее на налетите на Ал Хилал по Луис Дијаз. Колумбиецот пристигна пред една година од Ливерпул и се покажа како супер-засилување, крилниот офанзивец формираше топ-трио со Кејн и со Олис, но токму тие добри игри беа препорака за најбогатиот клуб од Саудиска Арабија да тргне по неговиот потпис. Првата понуда од ...
Саудискиот гигант Ал-Хилал подготвува нов трансфер-бомба и ќе се обиде да го ангажира крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Луис Дијаз, објавува францускиот весник „Л’Екип“. По неодамнешниот ангажман на холандскиот офанзивец Кресенсио Сомервил за сума поголема од 60 милиони евра, Ал-Хилал сака да донесе уште една голема ѕвезда во своите редови. Приоритет на клубот е засилување во нападот, а изборот паднал токму на колумбискиот репрезентативец. ...
Ал Хилал има намера повторно да го размрда европскиот пазар и да донесе неколку големи ѕвезди за време на летниот преоден рок. Саудискиот клуб подготви неверојатен буџет од 350 милиони евра за нови засилувања. Парите треба да се искористат за доведување на две или три големи ѕвезди од најсилните европски лиги. Името на играчот што е на врвот на листата на желби е веќе познато. Станува збор за колумбискиот интернационалец Луис Дијаз. Крилниот ...

