Во последниве години, Летиција од Шпанија не само што привлекува внимание со своите модни избори и беспрекорен стил, туку и со став кој тивко, но моќно ја менува јавната перцепција. Со појавувањето на официјални настани со видлива седа коса, кралицата испраќа порака што оди подалеку од естетиката – природноста не е слабост, туку сила. Во свет каде што од жените, особено оние во јавноста, се очекува да бидат вечно млади, Летиција избира ...
Косата е едно од огледалата на здравјето, но и начин жената да покаже колку се грижи за себе. Прифаќајќи ги природните промени, и Кралицата Летиција стареењето го доживува како дел од нормалноста, а не како табу тема. Некогаш, појавата на првите седи влакна беше знак за тревога. Жените на сите можни начини се обидуваа да ги сокријат, но денес, благодарение на одредени познати дами, оваа природна појава се прифаќа како нормален дел од животот ...

