ТФТ го делат две победи од АБА-лига. Тимот од Тафталиџе ја испиша најдобрата кошаркарска приказна во изминатиот период, скромно, без помпа, стигна до финале во АБА2-лига и сега има шанса да го направи она што за многумина македонски екипи изледа невозможно. Во финалето за противник го има составот Широки. Тренерот Боро Смилковски имаше право на задоволство од она што неговите момци го спроведуваат на терен. „Ќе почнам со тоа што го кажувам ...

Клубот од скопската населба Тафталиџе, екипата на ТФТ, го направи најголемиот успех во својата кошаркарска историја. Екипата на домашен терен повторно ја победи Сутјеска (90-77) и со 2-0 во полуфиналната серија обезбеди историско финале во вториот ранг на Јадранското натпреварување. Тимот на Боро Смилковски одигра перфектен натпревар и во ниту еден момент не му дозволи на ривалот да се надева дека може да дојде до резултат во Скопје. По ...