Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство Тетово издаде наредба за обдукција на безживотното тело на 42-годишниот маж, што вчера беше пронајдено во автомобил во Тетовско. Во попладневните часови вчера, околу 16 часот, тетовската полиција пронајде безживно тело на 42-годишен жител на Тетово, кој бил пријавен како исчезнат од својата сопруга. Тој последен пат бил виден вчера околу 18 часот кога излегол од дома со патничко возило ...

„Ова е областа каде што во текот на синоќешните часови беше пронајден починатиот 42-годишен А.Б. од Тетово. Се сомнева дека бил застрелан, а и денес продолжуваат истрагите во потрага по дополнителни траги“, пренесува репортерот на ТВ21, Сенат Зилбехари. Телото на 42-годишниот маж било пронајдено од жители на селото во близина, кои забележале паркирано возило со починато лице во него. Веднаш на местото излегле надлежните служби, а според ...