„Земјотрес“ во спортската јавност предизвика денешното соопштение од куќата на кошарката, во кое федерацијата објави дека три од актуелните суперлигаши, Маџари, ТФТ и Чаир, не добиле лиценци за натпреварување во сезоната 2026/27 поради долговите кои ги имаат кон федерацијата. МКФ уште пред неколку месеци го претстави новиот лиценцен систем во кој јасно стави до знаење дека планира да воведе финансиска дисциплина и веќе нема да толерира ...
Раководството на Кошаркарската федерација на Македонија денеска испрати уште една важна порака – дека во иднина нема да има простор за импровизации во овој спорт. Ако сите чинители во кошарката се обединети со една цел – заеднички да се подигне нивото и конечно да се фати курс кој ќе вроди со плод, тогаш ќе мора да се исполнат основните услови за секој клуб со право да може да се нарече професионален. КФСМ остана на ставот дека клубовите кои ...

