Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно се најде во центарот на вниманието, откако против неа и поранешната генерална директорка на Радио-телевизија Србија (РТС), Мања Грчиќ, беше поднесена кривична пријава. Пријавата ја поднело здружението на граѓани „Еко стража“ до Посебното одделение за борба против корупцијата при Вишото јавно обвинителство во Белград. Причина за ваквиот потег е приватна преписка што Карлеуша самата ја објавила на ...

Здружението објави на Инстаграм дека извештајот вклучува сомневање за примање и давање поткуп, злоупотреба на влијание и злоупотреба на службена положба, пренесе Индекс. Причина за барањето е преписката што самата Карлеуша ја објави во понеделник, 9 ноември, на социјалната мрежа X. На снимката од екранот од разговорот со Мања Грчиќ од 31 август, Карлеуша бара услуга за Вукашин Катиќ, кој потоа се пријавил на конкурсот на РТС. Пораката ...