Фудбалерите на ПСЖ експресно се вратија на чело на табелата во францускиот шампионат, славејќи со 1-2 на незгодното гостување против Стразбур. Успехот е уште поголем ако се знае дека „светците“ последните 20 минути ги одиграа со играч помалку, но и во таква ситуација успеаја да постигнат победнички погодок. Голманот Сафонов беше херој со одбранет пенал во првото полувреме при 0-0, ПСЖ потоа поведе преку Мајули, но Стразбур искористи еден од ...
По најновата победа на Ленс, ПСЖ имаше императив да брка победа на незгодното гостување во Стразбур, а избраниците на Луис Енрике мораа добро да се намачат за да ја остварат посакуваната цел. Натпреварот не почна добро за „светците“ и Паникели доби голема шанса да погоди од пенал, но фудбалерот на домашниот тим не ја реализираше најстрогата казна и му дозволи на ПСЖ да биде оној кој ќе го отвори резултатот. Мајулу дочека еден отпадок и ја ...

