Стартот на пролетниот дел од Првата кошаркарска лига го носи и дербито во групата Б меѓу Струмица ФМП и Соколи од Штип, во меч од 12. коло. Ова ќе биде големо дерби и соочување на два директни конкуренти кои сакаат влез во Суперлигата, а веќе утре во спортската сала „Никола Карев“ во Струмица со почеток од 17 часот ќе ја продолжат битката за остварување на целите. Струмичани со поддршка од домашната публика и домашниот терен ќе го имаат како ...
Денеска стартуваше пролетниот дел од Првата кошаркарска лига, а во центарот на вниманието беше дербито во групата Б, во кое Струмица ФМП славеше над директниот конкурент Соколи од Штип со 78:68. Во меч за првото место во групата Б, одигран пред верната домашна публика, струмичани одиграа зрело и сигурно, со што се зацврстија на врвот на табелата и ја продолжија мисијата за пласман во Суперлигата. Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и ...

