Не е тајна дека во оваа наша кошаркарска селекција, Андреј Јакимовски е еден од клучните наши кошаркари. Бекот на италијанскиот Тренто и на средбата со Луксембург во Скопје едноставно ја воодушеви целата наша кошаркарска јавност. Токму затоа од него се очекува и во Баку да одигра на своето ниво и придонесе за уште еден успешен резултат на нашата најдобра кошаркарска селекција. Еве што Јакимовски мисли за утрешниот дуел на гости кај ...
Македонската кошаркарска репрезентација утре од 17 часот во Баку против Азербејџан ја очекува нов натпревар во претквалификациите за Евробаскетот. По претходната победа над Луксембург, се очекува Македонија повторно да ја оправда фаворитската улога. Тоа го очекува и најдобриот поединец во нашите редови, Андреј Јакимовски. „Против Луксембург одигравме еден добар натпревар, посебно во одбрана, пред се во првото полувреме кога примивме само 32 ...

