Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави ажуриран извештај според кој досега се регистрирани девет случаи на инфекција со хантавирус. Од нив, седум се официјално потврдени во овој бран на епидемијата, што е за еден случај повеќе од претходниот извештај. „Досега се пријавени девет случаи на хантавирус, од кои седум се потврдени во овој бран на епидемијата. Овој број е еден повеќе отколку во претходната верзија на извештајот. ...
Светската здравствена организација (СЗО) ги повика сите држави на максимална претпазливост и подготовка за можни нови случаи на хантавирус, по смртоносниот кластер поврзан со крузерот „MV Hondius“. Според последните информации, потврдени се девет случаи, а три лица починале. Заразени патници се регистрирани или ставени под надзор во Франција, Шпанија, САД, Велика Британија, Холандија и Германија. СЗО предупредува дека инкубацијата на вирусот ...

