30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември 2023 година во Скопје, Македонија. Министерскиот совет е централното тело за одлучување и управување на ОБСЕ. Годишниот состанок е можност министрите за надворешни работи да ја разгледаат и оценат безбедносната состојба во евроатлантската и евроазиската област, како и работата на организацијата во сите нејзини полиња на ...
Македонија од денеска до 1 декември е домаќин на најголемиот политичко - дипломатски настан, Самитот на ОБСЕ. Очите на светската јавност свртени кон Скопје. Во земјава пристигна американскиот државен секретар Блинкен. Околу 1.000 делегати од 76 делегации од 57 земји членки и држави партнери на ОБСЕ доаѓаат денеска во Скопје за 30. Министерски совет на организацијата. Македонија годинава е претседавач со Организацијата за безбедност и соработка ...
Очите на светската јавност од денеска до први декември се свртени кон Скопје, каде се одржува 30-тиот министерски совет на ОБСЕ. Овие денови главниот град е под најголема безбедносна организација. Во следните два дена ќе бидат затворени централни улици и преземени високи безбедносни мерки за пречек на околу илјада гости. Во следните три дена над 70 делегации со околу илјада членови ќе престојуваат во Скопје. Османи го нарече најзначаен ...