Многумина неутрални би сакале малиот Комо да го видат во Лигата на шампионите, тимот на Сеск Фабрегас е во добра позиција првпат да игра во Европа и тоа веднаш во елитното натпреварување, но… Како потенцијални проблеми на хоризонтот се појавуваат стадионот и финансискиот ферплеј. Пред само две сезони, Комо беше во Серија Б, а сега е четврти во Серија А, пред Рома и Јувентус со кои се бори за место во Лигата на шампионите. Како домаќини играат ...
Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, се појавува како потенцијален кандидат за клупата на Челзи по завршувањето на сезоната, пренесуваат англиските медиуми. Според информациите, раководството на „сините“ внимателно ја следи работата на шпанскиот стратег и го разгледува како можна опција доколку дојде до разделба со актуелниот менаџер Лијам Росиниер. Сепак, во овој момент Росиниер ужива доверба од клубската управа. Тој беше назначен во јануари ...

