Вардар уште во првиот дел од четвртфиналниот реванш во Европската лига на ЕХФ против Монпејле остана без бекот Урош Митровиќ. Српскиот бек во еден дуел во обид да го спречи ветеранот Валентин Порт жестоко стартува на неговиот врат. Митровиќ веднаш доби црвен картон од судиите Биро и Кис, а Порт беше раскрварен и мораше да го напушти теренот. По исклучувањето имаше и тензија крај клупите, бидејќи Митровиќ влезе во вербална расправија со некој ...

СЦ „Јане Сандански“ врие, а надежта за „невозможната мисија“ е пожива од кога било. По првите 30 минути од четвртфиналниот реванш во Европската лига на ЕХФ, Вардар 1961 води со 17-12 против францускиот гигант Монпелје. Иако пред мечот заостатокот од десет гола изгледаше како планина за искачување, избраниците на Иван Чупиќ покажаа дека во Скопје и најголемите фаворити паѓаат. Доминација во ефикасноста и пеколен ритам Вардар игра со ...