„Мислам дека новиот човек добро ќе работи, тој е добар човек“, му рече Трамп на новинарот. Тој додаде дека не знае дали би имало некаква разлика тој да отидеше во Унгарија да води кампања за Орбан наместо потпретседателот Џеј Ди Венс. „Тој многу заостануваше. Не бев толку вклучен во ова. Виктор е сепак добар човек“, рече тој. Трамп го поддржа Орбан пред гласањето, дури и кратко зборуваше на предизборниот митинг во Унгарија минатата недела, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради изборниот пораз на неговиот долгогодишен сојузник Виктор Орбан во Унгарија и изрази позитивно мислење за новоизбраниот премиер Петер Маѓар. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, Трамп истакна дека верува оти Маѓар успешно ќе ја извршува функцијата. – Мислам дека новиот човек ќе заврши добра работа – тој е добар човек – рече Трамп. Тој додаде дека не е сигурен дали неговото лично ...