Одобрението за изградба на хидроцентрала на река Блатешница престанало да важи пред повеќе од половина година, информираше градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, преку социјалните мрежи. Тоа значи дека инвеститорот не смее да продолжи со активности за изградба на хидроцентрала. „Во врска со протестите на жителите на село Блатец против изградба на хидроцентрала на река Блатешница сакам да Ве известам за следното. Известен е ...

По блокадите, деноноќните стражи и протестот во петокот организиран од жителите на виничкото село Блатец, градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, преку Фејсбук статус денеска информираше дека Одобрението за градба за хидроцентрала на реката Блатешница е истечено. МИТКО КОСТАДИНОВСКИ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА О. ВИНИЦА - Известен е инвеститорот дека Одобрението за градење на хидроцентралата, согласно член 68 став 1 од Законот за градење ...