Во скопскиот регион, во претпладневните часови преку бројот 112 се примени повеќе пријави од граѓани за поплавени дворни места. Поплавувања се регистрирани во село Идризово во Општина Гази Баба, во село Буковиќ во Општина Сарај, како и во село Зелениково каде што е поплавено дворно место и подрум. Поплавено дворно место е пријавено и во населбата Радишани во Општина Бутел. Сите пријави се проследени до надлежните општини, извршен е увид на ...
Во текот на ноќта се излеала Зајашка река на улицата Прилепска во Кичево, каде што се зафатени повеќе куќи. Поради тоа евакуирани се околу 180 лица, кои се згрижени во спортската сала „Христо Узунов“. Регистрирано е и заезерување на улицата 29 Ноември во населбата Подварош, во Кичево, при што се поплавени подрумски простории во повеќе објекти. Поплавени се и објекти на кичевската болница. Претпладнево била организирана достава на храна и ...

