Во поранешниот Монопол, сега Тутунски комбинат во Скопје, денеска беше одбележана 83-годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка. Пепо Леви, претседател на еврејската заедница во Македонија, во својот говор кажа дека не смееме да дозволиме заборавот да ги проголта македонските Евреи и да се заборават возовите на смртта. „Може да има многу политички мотивирани приказни, но постои само една историска вистина. Во ...
Сеќавањето е наша морална должност, а борбата против омразата наша историска одговорност. Затоа, не смееме да се свртиме од минатото и не смееме да се плашиме од најтемните поглавја од историјата, туку да ги признаеме ужасните извесности, како и празнините, неизвесностите и прашањата што остануваат без јасни одговори до ден денес. Не смее да се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи. Може да има многу политички мотивирани ...

