Манчестер Сити ќе биде првопласиран тим на табелата во Премиер лигата барем неколку часа, односно ќе биде во исчекување на резултатот кој ќе го оствари Арсенал на гостувањето против Евертон оваа вечер. Тимот на Пеп Гвардиола сериозно му се доближи на Арсенал во последно време, но сега успеа да изврши и притисок откако прв го играше својот натпревар од 17-то коло, бидејќи ова попладне не наиде на никаков проблем против Вест Хем. „Чеканите“ брзо ...

Ерлинг Халанд во многу наврати освен со фудбалските партии, вниманието на јавноста го привлекуваше и со нефудбалски ситуации. Норвежанецот постигна два гола и подели асистенција во победата на Манчестер Сити против Вест Хем (3-0). Веднаш по натпреварот тој во соблекувалната се почести со квалитетен оброк. Халанд објави видео како ужива јадејќи јагнешки котлети, а тоа стана хит на социјалните мрежи. Со двата гола Халанд стигна до бројката од 25 ...