Соопштението на Јавното обвинителство внесува мошне значајни нови факти во реконструкцијата на гостиварската епидемија, изјави за „Слободен печат“ професор доктор Драган Даниловски откако вечерва Обвинителството ги сподели резултатите според кои гостиварци од 26 јуни до 16 јули пиеле вода со фекалии во неа, чии вредности биле 48 пати над дозволеното. Според обвинителството, постои основано сомнение дека површинска, силно загадена вода била ...
Иако новите факти несомнено ја зајакнуваат причинската хипотеза, епидемиологот Драган Даниловски оценува дека тие не ја заменуваат целосната епидемиолошка и микробиолошка истрага и целосното утврдување на причината за епидемијата и начинот на кој таа настанала. За ова, како што вели, потребни се податоци за микробиолошките испитувања на заболените, примероци од различни точки на водоводната мрежа, временската динамика на контаминацијата, ...

