По 33 години згасна регионалната струмичка телевизија ВИС, која што информираше за локални и регионални случувања, пренесува Сакам да кажам. Во Струмица порано работеа и телевизиите Интел, Телеканал А1, ТВ Струмица и Јул ТВ. Сега работат само три радија, кои не продуцираат сопствени вести. Лани во јуни, телевизијата ВИС беше купена од струмичката фирма „Синерџи Груп Инженеринг“, а во август, од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни ...

Регионалната телевизија Канал ВИС Струмица која што функционираше 33 години се затвори, а вработените завршија во Агенцијата за вработување, јавува порталот „Сакам да кажам“. Овој медиум веќе неколку дена не зрачи сигнал, со што Струмица остана без единствената телевизија која што информираше за локални и регионални случувања, а емитуваше и програма со неколку авторски емисии. Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. ...

ТВ Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. Прво функционираше како локална, а од пред десетина години како регионална телевизија. Во неа, во континуитет работеа над десетина новинари, сниматели и технички персонал. Од летово таа бројка беше сведена на минимум. За време на изборната кампања за последните парламентарни и претседателски избори 2024, оваа телевизија од ДИК доби 125 илјади евра за платено политичко ...