Во најголемите пожари некогаш регистрирани во американскиот округ Лос Анџелес, загинаа најмалку 10 лица, предизвикана е штета од околу 50 милијарди долари, процени мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“, а изгорени се околу 5.000 куќи, станови, објекти… пренесуваат американските медиуми. Пожарите, кои се уште беснаат, силно ќе удрат и на осигурителната индустрија, која треба да исплати најмалку 20 милијарди долари ...

Најмалку 16 лица загинаа, а 10.000 објекти се уништени или оштетени во пожарите кои сè уште беснеат во Лос Анџелес. Во сила е наредбата за евакуација на околу 100.000 жители на областа. Речиси 30 лица беа уапсени за кражби, грабежи и поседување дрога, пренесува Н1. Од шесте пожари кои ја зафатија областа Лос Анџелес, три се ставени под контрола и 50 или повеќе проценти од областа која беше зафатена од пожари е изгасната, додека најголемиот пожар ...