Полицијата во Штип истражува два случаја на дрска измама извршени врз повозрасни граѓани во текот на вчерашниот ден (30.01.2026), при што жртвите останале без значителна сума на пари и злато. И во двата случаи, сторителите користеле идентично сценарио – лажно се претставувале како лекари и барале пари за итна операција на близок член на семејството. Првиот случај е пријавен претпладнето во 11:30 часот. Жртва бил 96-годишен маж, кому му се ...

На 30.01.2026 година, во СВР Штип биле пријавени два случаи на измама извршени врз повозрасни лица од Штип. Првиот случај бил пријавен во 11:30 часот од 96-годишен маж, кој навел дека бил измамен за износ од 3.500 евра. Според пријавеното, телефонски му се јавило лице кое се претставило како лекар и му соопштило дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е потребна итна операција за која требало да се плати. По претходен договор, ...