Крајно сомничави во однос на очекуваните ефекти од предложените измени на данокот на добивка, според кои малите фирми со вкупен годишен приход до 3.000.000 денари ќе треба да плаќаат данок од добивка од 10%, експертите алармираат дека ќе дојде до стимулирање на сивата економија, а буџетот ќе остане без потенцијалните приходи. Професорката по финансово и даночно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, д-р Александра Максимовска ...

Во интервју за информативниот портал „Локално“ професорката по финансово и даночно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ д-р Александра Максимовска на прашањето дали и колку предложената реформа е во функција на постигнување забрзан економски раст одговара дека не станува збор за никаква даночна реформа. Таа смета дека поголемото даночно оптоварување на малите бизниси, кои и онака се во тешка состојба по пандемијата и енергетската криза, ...