Конечно и Франција, но и Париз, доби градско дерби. Моќното катарско чедо Пари Сен Жермен оваа сезона во Градот на светлината доби друштво од Париз, чиј стадион се наоѓа на само неколку стотици метри од Паркот на принцовите, домот на шампионот на Галските петли и на Европа. Тимот на Луис Енрике првиот натпревар во 2026 година ќе го одигра на свој терен во недела, на 4 јануари, против новајлијата во 17 коло од Лига 1 во 20.45. Се очекуваше ...

Фудбалска Франција конечно го дочека првото париско градско дерби во Лига 1, екипите на Пари Сен Жермен и Париз ФК вечерва првпат во историјата ќе одиграат официјален меч една против друга. Она што го прави посебно ривалството на ПСЖ и ФК Париз е близината на нивните стадиони. „Паркот на принцовите“ и „Жан-Буен“ ги дели само една улица. Тоа е градското дерби во топ лигите каде што стадионите се најблиску еден до друг. Растојанието меѓу нив е ...