Сан Антонио не го одбрани домашниот терен на првиот плејоф меч во конференциското полуфинале со Минесота, тим кој успеа да направи брејк откако изненадувачки во составот се врати Антони Едвардс. Иако беше најавено дека нема да ги игра првите натпревари со Сан Антонио, Едвардс стисна заби и се врати да му помогне на тимот, па иако не беше во препознатлив елемент, сепак им помогна на „волците“ да остварат тешко извојувана победа. Во една тесна ...

Виктор Вембањама постави НБА рекорд со 12 блокади во еден плејоф натпревар. Центарот на Сан Антонио Спарс го забележа овој подвиг во првиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција против Минесота, но неговиот тим на крајот беше тесно поразен со 104:102. Вембањама, кој едногласно беше прогласен за дефанзивен играч на сезоната, имаше просек од 3,1 блокади по натпревар во текот на регуларната сезона. Му беа потребни три четвртини за ...