Пожарот кај Градско излезе од контрола. Во моментов зафаќа долга огнена линија од речиси 10 километри, движејќи се кон селото Подлес, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Додаваат дека тешката битка со овој пожар се очекува да трае неколку денови. Неколку денови трае и битката со пожарот на Китка. И покрај тоа што беше целосно изгаснат, сега е повторно распален, а извесно е дека станува збор за подметнување, велат надлежните. На ...

Големиот пожар во Општина Градско вечерва останува еден од најсериозните активни пожари во земјава. Огнената линија се протега на околу десет километри, а по привременото стабилизирање на состојбата огнот повторно се проширил од реонот на Горно и Долно Чичево во правец на селото Подлес. Паралелно, борбата продолжува и на планината Китка, каде селото Палиград е надвор од непосредна опасност, но надлежните предупредуваат на повторни намерни ...