Пријателските натпревари во овој период од месец август се всушност последни контролки пред она најважното што следи, па во таква ситуација, постои и одредена тензија на дел од средбите кои играчите веќе ги сфаќаат и малку посериозно. Најдобар доказ за тоа е вчерашниот тест натпревар меѓу Малага и Фулам во Шпанија, на кој присутните гледачи на „Ла Росаледа“ беа сведоци и на бизарни сцени. Откако натпреварот заврши 2:2 во регуларниот дел, ...
Од Шпанија пристигнуваат навистина неверојатни сцени. Фулам одби да изведува пенали по нерешениот резултат 2-2 против Малага, го напушти теренот и со тоа му го препушти трофејот „Коста дел Сол“ на домаќинот. Играчите на англискиот премиерлигаш разговараа со судиите неколку минути по крајот на натпреварот, а потоа едноставно се упатија кон соблекувалната. Од Фулам тврдеа дека изведувањето пенали не било предвидено во договорот со кој биле ...

