Колото беше отворено вчера, а на воведниот меч Аеродром со 1:2 славеше кај Ржаничино. За домашниот тим единствен стрелец беше Огнен Здравковски, а за гостинот двоен стрелец беше Мартин Атанасовски. Реми без голови на Куманово и Кадино (0:0), Беса од Слупчане со 4:3 го доби тимот на Отља. Фетаи и Илази беа двојни стрелци за домашниот тим, а за гостинот Реџепи погоди двапати, а еднаш Нуредини. Лото победа за лидерот Еуромилк ГЛ кој со 7:0 го ...

Со неколку ефикасни натпревари беше комплетирано 18. коло во Третата лига – Север, во кое лидерот Еуромилк ГЛ уште еднаш ја потврди доминацијата. Еуромилк забележа убедлива победа од 7:0 против Башкими Љ. и продолжува со одличната сезона, во која има 17 победи и само едно реми. Со новите три бода, тимот се зацврсти на врвот на табелата и е главен фаворит за првото место. Второпласираниот БВК Коњаре дојде до бодови без игра, откако Лопате 97 ...