По долг период во кој железничкиот превоз меѓу Прилеп и Битола беше занемарен, од јуни се најавува воведување на редовна линија на т.н. „градски воз“, што треба да донесе значајно олеснување за граѓаните и нов импулс за целиот Пелагониски регион. Според најавите, станува збор за воведување на почести и пофункционални железнички линии меѓу двата најголеми града во Пелагонија, со цел да се подобри секојдневната мобилност на населението, ...

Од јуни на релација Битола и Прилеп ќе вози меѓуградски воз, што би собраќал до индустриската зона „Жабени“. Целта е да се овозможи полесно сообраќајно поврзување на двата пелагониски градови чија комуникација е отежната поради изградбата на автопатот Прилеп-Битола. Во моментов, додека трае изградбата на автопатот, се користи стариот пат Прилеп – Битола, којшто е со помал капацитет. Поради ова движењето трае подолго. Со оглед на ваквите ...