Изложбата ја отвори директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, проф. д-р Зоран Пејковски, кој во своето обраќање ја истакна важноста од континуираната афирмација на современата македонска уметност надвор од границите на државата. Тој нагласи дека Македонскиот КИЦ во Софија останува посветен на промовирањето на македонските автори и на создавањето можности нивното творештво да биде претставено ...

Во преполниот изложбен простор на македонскиот КИЦ во Загреб синоќа беше отворена ексклузивната изложба „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб“, реализирана во соработка со Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, по повод значајниот јубилеј – 60 години од нејзиното одржување. Авторки на изложбата се Ивона Опетческа Татарчевска, експерт за заштита на нематеријалното ...