Секторот за внатрешни работи – Велес потврдува дека во последните денови три лица од Велескиот регион биле цел на измами. Во два случаи, повозрасни неготинки биле убедувани дека нивните роднини доживеале несреќа и за итна операција е потребно да предадат 20.000 евра. Во третиот случај, 28-годишна кавадарчанка била измамена со сума од 180.000 денари при обид за заеднички бизнис, кој не бил реализиран. Во првиот случај, 72-годишна неготинка ...
Шест обиди за измами на лажни лекари и полицајци биле пријавени на подрачјето на СВР – Велес во текот на 17 февруари. Пет случаи се евидентирани во Неготино, а еден во Велес, информираат од полицијата. Во случајот пријавен во велешката полиција, 53-годишна жена кажала дека непознат маж телефонски контактирал со нејзиниот татко, тврдејќи дека неговата ќерка, во случајот таа, се здобила со тешки телесни повреди и дека е потребна итна операција, ...

