Уште еден македонски фудбалер ќе игра во првенството на Узбекистан, првенство во кое неколку години со успех настапува Љупче Дориев и тоа за Согдиана. Сега во овој шампионат ќе настапува и Влатко Стојановски, поранешниот македонски репрезентативец кој си подаде рака со Машал за договор до 2027 година. Ова за напаѓачот ќе биде ново искуство надвор од нашите граници каде играше уште во Франција, Хрватска и Бугарија. Со своето знаење, квалитет ...

Македонскиот интернационалец Влатко Стојановски ја продолжува својата кариера надвор од границите на земјава, откако официјално стави потпис со узбекистански Машал. Тимот од Мубарак потврди дека искусниот напаѓач ќе биде дел од составот во продолжението од сезоната. Од клубот порачаа дека очекуваат Стојановски да внесе свежина и ефикасност во нападот, со оглед на неговото искуство и настапите во повеќе европски средини. Поранешниот ...