Македонскиот репрезентативец Филип Савовски премиерната сезона во грчкото првенство во дресот на Панатинаикос ја завршува со двојна круна – шампион и освојувач на Купот. Во финалето на плејофот Панатинаикос славеше со 3-1 во победи над ПАОК и со тоа стигна до 28. шампионска титула во клупската историја, а за првпат по 41. година успеја да ја одбрани титулата, односно втора година во низа ќе остане на врвот во Грција. Истовремено по петти пат ...

Динамо Загреб го освои Купот на Хрватска откако во финалниот натпревар одигран во Осиек, ја совлада Риека со 2-0. Стрелец на двата гола беше напаѓачот Лука Стојковиќ, кој постигна голови во 50-тата и 57-мата минута. Динамо го освои Купот на Хрватска по 18-ти пат во својата историја, што е рекорд. Риека го загуби финалето на Купот по четврти пат во својата историја. На натпреварот му претходеа настани кои немаа многу врска со фудбалот. ...