Србија се соочува со ново ширење на африканската свинска чума, откако беа регистрирани нови жаришта во повеќе региони, меѓу кои и подрачјето во близина на границата со Хрватска. Според изјавите на министерот за земјоделство Драган Гламочиќ, вирусот моментално е присутен во седум окрузи и 52 населени места. Во последните денови се потврдени нови случаи во Бездан, кој се наоѓа во близина на хрватската граница, како и во Јужнобачкиот округ. ...
Африканската свинска чума се шири низ Србија, поради што се воведени вонредни мерки во некои делови од земјата, а повеќе од 20.000 животни веќе се еутанизирани, јавуваат српските медиуми. Африканската свинска чума е потврдена на стотици фарми низ цела Србија, а надлежните служби секојдневно спроведуваат мерки за да се спречи понатамошното ширење на вирусот. Во неколку области е прогласена вонредна состојба, додека заразените грла се ...

