Како заокружување на националната кампања „Денови за донирање“ во организација на здружението „Конект“, во сабота, 2 декември, од 13 часот во East Gate Mall посетете го отворањето на добротворниот базар на социјални претпријатија. На настанот ќе донирате со купување на производи и новогодишни подароци од социјални претпријатија, а истовремено ќе уживате во програмата со Огнен Јанески и музички ѕвезди, ќе се забавувате со вашите најблиски и ќе ...

Скопје, 2 декември 2023 (МИА) - Добротворен базар на социјални претпријатија ќе се одржи денеска во „Ист гејт мол“ со кој ќе се заокружи кампањата „Денови за донирање“. На базарот ќе бидат поставени штандови каде што ќе може да се купат производи од социјални претпријатија, со што, како што велат организаторите, ќе им се помогне на оние на кои тоа им е најпотребно. Настанот се одржува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, ...