Битолскиот музички состав „Фонтана“ со Камерниот оркестар на Битола и нивните гости беа на програмата за втората фестивалска вечер на Фестивалот на музика од светот. Двата битолски музички брендови на сцената ги придружуваа гостите: Даница Крстиќ (вокал, Србија), Ангел Демирев (гитара, Бугарија) и Џамбо Агушев (труба, С.Македонија). „Елено, ќерко Елено“, „Зајди, зајди“, „Мори чупи Костурчанки“ беа само дел од традиоцалните македонски песни кои ...
Вториот ден од Фестивалот на музика од светот, беше резервиран за „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости. „Многу ми е драго што после извесно време, заедно со мојата матична група имавме можност со голем концерт да се претставиме во нашиот град, пред нашата најдобра битолска публика“, истакна Благојче Трајковски, кој на овој фестивал настапувал повеќе пати. Како специјални гости настапија Даница Крстиќ – вокал, ...