Па добро бре, толку ли е тешко да научат дека на нашето знаме има сонце со 8 (со букви: осум) краци. “Патриотиве” што одат на екскурзија надвор од државата ставија 12 !!!! Со години ни објаснуваат кој е патриот. Кој е предавник. Кој ја сака Македонија, а кој не. А на официјална прослава на македонската независност, не успеаја да го погодат ни македонското знаме. Осум зраци, луѓе. ОСУМ! Не треба историчар. Не треба експерт. Не треба комисија. ...

По забелешките за употребата на несоодветен симбол на концертот „Силно светнал ден“ во Охрид, во Битола грешката е коригирана. На вечерашниот настан во Битола беше истакнато официјалното македонско знаме со осум сончеви зраци, со што беше отстранета дилемата која се појави по настапот во Охрид. Потсетуваме, „Силно светнал ден“ е голем музичко-сценски спектакл посветен на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. ...