Голден Стејт вориорс стана третиот тим во историјата на НБА лигата кој на четири натпревари по ред постигнал 20 или повеќе тројки. Воините го победија Мајами со 135-112, благодарение на феноменалниот шут и големиот број погодени шутеви за три поени. За Вориорс тоа беше и четврта победа по ред, што е разбирливо кога се шутира така и се погодуваат 20+ тројки. Најинтересниот меч синоќа во НБА се одигра во Детроит каде Пистонс го совлада Бостон ...
Во НБА лигата кошаркарите на Детроит славеа против Бостон со 104-103 дома, во еден од најнеизвесните дуели синоќа во НБА лигата. Детроит го предводеше Тобијас Харис со 25 поени, а Џејлен Дуран додаде 18. Џејлен Браун ги предводеше Селтикс со 32 поени, додека Пејтон Причард додаде 17. Голден Стејт го победи Мајами со 135-112 дома за нивната четврта победа по ред. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Брендин Подземски со 24 и Стеф Кари со ...

