Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, по натпреварот и убедливата победа над Словачка во баражот за СП 2027 во Скопје им честита на ракометарите за прикажаното. „Забележавме пласман на уште едно големо Светско првенство, националниот ден на ракометот е крунисан со една победа. Радосни сме, среќни сме, мислам дека цела нација денес се радува. Одиме на првенството и ќе се бориме таму, се надевам на ...

Александар Стефанов продолжува по патот кој со години го градеше Живко Мукаетов, а после долго време, македонската репрезентација без многу драма доби еден двомеч и лесно се пласираше на мундијалот. Националниот ден на ракометот беше заокружен на најдобар можен начин и со убедлива победа од 38:23, по што своја изјава пред новинарите даде и првиот човек на Федерацијата. Стефанов им честиташе на ракометарите за оправдувањето на фаворитската ...