Возач од „Македонија пат“ повреден откако со „ивеко“ удрил во друг камион „мерцедес“ на само 500 метри после клучката Желино на автопатот Скопје – Тетово. Возилото на „Македонија пат“ го управувал 54-годишниот Ј.С. од селото Рогле, а „мерцедесот“ 51-годишниот скопјанец Н.С. – Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово. Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово. ...
Официјализирани се информациите за сообраќајната несреќа која утрово го отежна сообраќајот на автопатот Скопје – Тетово. Во судирот учествувало возило на ЈП „Македонија Пат“, а едно лице завршило во болница. Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, несреќата е пријавена утрово во 10:05 часот. Инцидентот се случил на автопатот, на околу 500 метри по исклучувањето за селото Желино. Во судирот учествувале две товарни ...

