Поради обилните врнежи од дожд, на повеќе локации низ државата е евидентирано зголемување на водостоите на реките и локални излевања. Во југоисточниот регион, во општините струмица и радовиш, поплавени се земјоделски површини, дворови и дел од патната инфраструктура, без пријавени поплавени објекти. Надлежните служби интервенираат со механизација, а состојбата е стабилизирана со тенденција на намалување на нивото на водата. На повеќе патни ...

Мирно, но со доза на исчекување на најавените нови врнежи. Вака може да се опише состојбата денеска, по обилните дождови кои во претходните неколку денови наврнаа во земјава. Од Центар за управување со кризи велат дека најголемиот дел од територијата денеска е без сериозни нарушувања, со само одделни локални појави, кои се под контрола. Во источниот регион има покачен водостој на реките, но засега без опасност од излевање. Евидентирано е ...