„Леб и сол“ ќе бидат гости на концертот на Горан Бреговиќ и неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, кој ќе се одржи на 12 март во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Македонскиот рок бенд ќе свири еден час и велат дека им е задоволство да се потсетат на 1977, кога чекајќи го миксањето на деби албумот за ПГП РТБ, добиле понуда да бидат предгрупа на „Бијело дугме“. „Леб и сол“ свиреле на концертите на „Бијело дугме“ во Сараево, Нови Сад и во ...

Во далечната 1977 година „Леб и сол“ и „Бијело дугме“ првпат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, бидејќи следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“, и тоа на големиот славенички концерт на Горан Бреговиќ закажан на 23 март. Во годината кога се одбележуваат јубилејни 50 години од ...