Трагедијата во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, која однесе млади животи на новогодишната ноќ, ја потсети македонската јавност на кобниот пожар во дивоградбата во Кочани. Иако власта се обидува да ги изедначи несреќите, швајцарскиот пристап кон правдата веќе покажува суштински разлики во однос на македонската истрага која тапка во место девет месеци, пишува Слободен печат. Брза реакција во Швајцарија наспроти македонскиот „жежок костен“ ...
Трагедијата во Швајцарија, на новогодишната ноќ во Кран-Монтана, ја врати меморијата и вниманието на јавноста во Македонија кон настаните од 16 март 2025 година и трагедијата во Кочани. За властите во Македонија, трагедијата во Швајцарија дава простор за толкување дека вакви трагедии се случуваат и во развиена земја како Швајцарија, но истрагата што ќе се води таму ќе „бдее“ над правдата за Кочани – правда што семејствата на 63-те млади луѓе ...

