Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува граѓаните дека за користење на апликацијата „МојДДВ“ потребно е успешно да се регистрираат и да добијат одобрување на својот профил во системот е-Даночни услуги. Од УЈП појаснуваат дека без активен и одобрен профил, корисниците нема да можат да ја користат апликацијата и да скенираат фискални сметки за поврат на дел од платениот данок на додадена вредност. Доколку профилот сè уште не е одобрен, ...

Од 862.896 генерирани годишни даночни пријави за 2025 година, до вчера само 27.788 се потврдени, информираше Управата за јавни приходи. – Иако УЈП ја изготвува ГДП пријавата врз основа на расположивите податоци, даночната обврска за пријавување на доходот не е обврска на институцијата, туку законска обврска на секој граѓанин. УЈП упати 493.182 лични пораки преку порталот мојДДВ и комуницираше со 1.349 буџетски корисници, 339 големи даночни ...