Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше во полуфиналето на турнирот во Рим, откако ја елиминираше Американката Џесика Пегула со 2-0 во сетови (6-1, 6-2). Третата тенисерка на ВТА листата славеше во мечот кој траеше малку повеќе од еден час, не оставајќи ѝ на противничката никакви шанси да се надева на било какво изненадување. Ова беше нивни дванаесетти дуел, или вкупно седма победа за Швјонтек. Полјачката ќе се бори за пласман во ...
Вистинската Ига Швјонтек се врати на земјените терени во Рим, демонстрирајќи ја својата препознатлива сила на подлогата каде што веќе трипати во кариерата кревала пехар. Полската тенисерка денеска на „Форо Италико“ уште еднаш покажа зошто е страв и трепет на оваа подлога, прегазувајќи ја Џесика Пегула со 6-1, 6-2 за само 67 минути доминација. Ова четвртфинале во Рим не беше само обичен меч, туку вистинска изјава за моќ. Швјонтек, која по ...

