Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште. Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см. Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 ...
Поради обилните врнежи изминатите неколку дена се излеа Коселска Река. Поплавени се десеттина куќи во селото Орман Охридско, уништена им е покуќнината, а нивите останаа под вода. Мештаните, кои се отсечени од градот, велат дека дополнителен проблем за поплавите се дивоградбите и нередовното чистење на коритото и каналите. „Секоја година апелираме до Центарот за управување со кризи (ЦУК) да се води сметка за ова критично место на Коселска Река, ...

