Огромно задоволство и гордост ми беше да се претставам себеси, но и мојата Македонија во рамките на балканското музичко шоу „Никогаш не е доцна“, вели битолчанецот Илија Балтовски. Неговиот импресивен настап на сцената во Белград ја одушеви публиката, но и жирито. Балтовски се издвои од останатите настапувачи и по изборот на песната, но и со умешноста да ги долови тоновите на Дејвид Боуви. „Поздрав до Тера телевизија и до вашите гледачи. Ви ...

Со освоени 64 проценти од гласовите на публиката битолчанецот Илија Балтовски ја продолжува музичката трка во рамките на белградското шоу Никогаш не е доцна. Во рамките на гласањето кое во изминатите денови се спроведуваше на веб страницата на познатото белградско шоу голем број битолчани дадоа поддршка за Балтовски. Денеска Балтовски испрати видео порака до гледачите преку Тера телевизија. „Поздрав телевизија Тера. Ви благодарам за можноста ...