Според шпанските медиуми, германскиот дисконтер „Алди“ го проширува своето присуство во Шпанија со отворање на 20 нови продавници до крајот на 2025 година, главно во Андалузија, Каталонија и Валенсијанската заедница. Ова проширување е дел од поширока стратегија на компанијата, со цел до 2025 година да ја надмине бројката од 500 продавници, при што „Алди“ само во последните три години отворил 127 продавници – 42 во 2022, 48 во 2023 и 37 во 2024 ...

„Алди“ преминува на „snap pack“ формат на пакување за своето пиво од приватна трговска марка, заменувајќи го картонот на кој беа залепени по четири лименки со пиво. Оваа промена ќе се воведе во продавниците во текот на 2025 година за пивата Galahad, Sainte Etienne и Brasserie, а се очекува да ја намали употребата на амбалажен материјал за 412 тони годишно, пренесува „Гроусер“. Од „Алди“ соопштија дека лепилото согорува за време на процесот на ...