Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL од компанијата “Genasys”, поставен на џип на српската Жандармерија во близина на Народното собрание, јави ТВ Н1. Фотографијата, која пратеничката Тепиќ ја сподели на социјалната мрежа X, е направена од една од зградите во соседната улица. На неа се гледаат ...

Опозициската пратеничка Мариника Тепиќ објави фотографија на „звучен топ“ поставен пред Народното собрание за време на протестот во Белград на 15 март. Припадник на жандармеријата за српскиот весник „Данас“ изјави дека на протестот биле распоредени повеќе „звучни топови“, при што еден бил поставен зад Народното собрание. „Уредот беше монтиран на хаубата на нашето возило ‘дефендер’, што колоквијално го нарекуваме ‘индијанец’. Покрај него имаше ...