Ракометарите на Охрид со солидна предност патуваат на гостувањето кај Дукла Прага во реваншот од Европскиот куп на ЕХФ, но во таборот на македонскиот тим владее максимална претпазливост. Зимското засилување, Џанфранко Прибетиќ, потенцира дека ништо не е готово и дека тимот мора да остане фокусиран до самиот крај. „По победата над Дукла Прага овој викенд не очекува реваншот. Некои работи беа добри, некои помалку добри и оваа недела се трудиме ...

Реванш натпреварот помеѓу Дукла Прага и Охрид од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп се игра во сабота, 21 февруари, во Чешка. По победата над Дукла Прага овој викенд не очекува реваншот. Некои работи беа добри, некои помалку добри и оваа недела се трудиме да ги исправиме нашите грешки и сигурен сум дека ќе излеземе подготвени во сабота. Патуваме со добра предност, но не смееме во ниту еден момент да се опуштиме бидејќи Дукла е добра екипа ...